Џет-Сет
21. November 2017 - 14:24

Итно пренесен во болница: На познатиот пејач му откажуваат бубрезите и црниот дроб

Популарниот во 70-тите години на минатиот век американски актер и пејач Дејвид Касиди е пренесен во болница и се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Официјалната портпаролката на актерот за CNN рекла дека кај ѕвездата е дијагностицирана слабост на внатрешните органи.

„Тој е свесен и до него се членовите на семејство и неговите пријатели. Ништо не е предодредено, ние само го примаме она што се случува“, рече таа. Оваа година 67-годишниот актер Касиди призна дека страда од деменција.