Бизнис
20. September 2017 - 19:36

Итно менување на Законот за минимална плата, бара Хелсиншкиот комитет

Законот за минимална плата нема суштински да ги зголеми примањата на работниците. Хелсиншкиот комитет за човекови права преку соопштение бара итно менување на Законот и отстранување на одредбите за нормиран учинок. 

Заради нормата која и натаму стои во текстот на Законот, Хелсиншки смета дека нема гаранција дека работниците од сите сектори ќе земаат минималец од 12.000 денари и дека се остава простор за манипулации, притисоци и злоупотреби од страна на работодавачите.. 

Според законот, нормата треба да ја утврдат работовачите заедно со работниците и таа треба да е оствралива за најмалку 80% од бројот на вработените.Според Комитетот, секторите каде што ќе постои норма се всушност сектори каде се јавуваат најголемите прекршувања на работничките права. 

„Константниот мобинг, непочитување на работното време, користењето денови од одмор, работа за време на неработни денови и празници, неисплаќањето на додатоци на плата, исплата на плата на рака, враќање на дел од платата на работниците.... се само дел од проблемите со кои се соочуваат работниците во овие сектори. Во вакво опркужување тешко е да се верува дека работодавачите и работниците ќе имаат фер и конструктивен дијалог околу утврдувањето на  критериумите за ефикасност во производниот процес и дека ќе донесат заедничка, согласна и објективна одлука“, стои во соопштението. 

Претходно и Синдикатот за индустрија реагираше на нормата како услов за исплаќање минималец.

Септемрвиската плата за околу 130.000 работници треба да изнесува 12.000 денари.