Балкан
18. January 2017 - 17:12

Итна средба во Давос на Вучиќ и Могерини

Премиерот на Србија Александар Вучиќ попладнево ќе има итна средба во Давос со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, јавуваат српски медиуми.

Состанокот ќе почне во 15:30 и се очекува тема на разговорот да бидат најновите случувања на релација Белград-Приштина и ситуацијата во регионот.

Средбата не била планирана туку утрово е итно договорена. Премиерот на Србија учествува на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос кој ќе трае до 20 јануари.