Итна седница на Совет за безбедност на ОН за случувањата во Мјанмар
Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итна седница на кој ќе се разговара за насилството во Мјанмар, откако шефот на ОН за човекови права Зеид Рад ал Хусеин предупреди дека најверојатно под притисок на „етничкото чистење“ повеќе од 300.000 припадници на муслиманскиот народ Рохинци ја напуштиле земјата.
Седницата на Советот за безбедност на ОН се одржува на барање на Велика Британија и Шведска.
Во меѓувреме, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) вчера соопшти дека бројот на лица кои побегнале во Бангладеш од насилставата во западната мјанмарска држава Рахине пораснал на 313.000.
Меѓународниот притисок врз Владата на Мјанмар е зголемен од неделата, кога Ал Хусеин рече дека тоа насилство изгледа како „школски пример на етничко чистење“.
- Бидејќи Мјанмар одби пристап на набљудувачите на човекови права, моментната ситуација се уште не може во целост да се процени, но изгледа дека таа на школски пример на етничко чистење, рече Ал Хусеин пред Советот за човекови права на ОН.
Наспроти кризата во Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, поранешна мјанмарска опозиционерка и добитничка на нобеловата награда за мир, нема да присуствува на Генералното собрание на ОН.
Су Чи, кој де факто е лидерка на Мјанмар, го откажа присуството на Седницата на Советот за безбедноста на ОН за кризата во Мјанмар.
Нејзиниот портпарол изјави дека таа нема да присуствува на седницата.
- Државната советничка нема да присуствува на Генералното собрание на ОН, рече портпаролот Зав Хтај, само неколку часа пред состанокот на Советот за безбедност на ОН.
Од Мјанмар, земја со мнозинско будистичко население, Рохинџите почнаа маосвно да бегаат од 25 август, откако локалните муслимански бунтовници нападнаа полициска станица и неколку воени пунктови, што предизвика обема воена операција на мјанмарските сили за безбедност.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка