Македонија
5. July 2015 - 16:40

Итар скопјанец си препишал државен имот и го продал

Со лажна пресуда продал државно земјиште и заработил 50 ијади евра. 55 годишен скопјенец успеал да го измами катастарот и да обезбеди купувач за атрактивен  плац во Нерези  кој  не бил во негова сосптвеност.

Најпрво фалсификувал исправа од Основниот Суд 2,  дека имотот кој се водел на државата, преку пресуда е прфрлен на негово име. Со лажниот документ во катасарот побарал да се смени сопственост на земјиштето.

Катастарот преку пријавата за отсранување на техничка грешка,  5000 метри  квадратни му ги препишува на 55 годишниот В.Л.  Откако административно си ги завршил работите , за да го прекрие делото веднаш преминал кон продажба на парцелата.

-Купувач е лицето О.Д. кој пак согласно преддоговорот на 15.01.2015 година уплатил на трансакционата сметка на сопругата на пријавениот капар, однсно аванс -паричен износ од 460.000 денари, а потоа уште во два наврати на 11.03. и 21.04 годинава на истата трансакциска сметка од страна на купувачот биле префрлени 462.000 денари и 861.000 денари, изјавија од МВР.

Преку оперативни мерка одделот за економски криминал успеал да го уапси 55 годишниот скопјанец против кој е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во трање од 8 дена.