Бизнис
11. April 2017 - 19:40

Италијанските инвестиции растат и покрај политичката криза

Политичката криза  засега не ги наруши  бизнис релациите со Италија. 

Напротив во некои сектори како прехрамбената, текстилната и  хемиската индустирја има зголемување на соработката. 

И покрај случувањата во државата, регистриран е и раст на инвестициите од Италија.  

- И покрај она што се случува тука, вашата земја и натаму ќе продолжи да биде бизнис партнер за Италија. Вкупната трговска размена лани достигнала над 500 милиони евра. Има благ пат но тоа се должи на намалениот увоз од ваша страна главно поради случувањата во метало- преработувачката индустрија во Италија, рече Чинциа Бруно, директорка на Италијанската агенција за промоција на надворешна трговија со Амбасадата на Италија ИЧЕ.

Македонски  фирми пак се заинтерсирани за современата технологија од Италија за преработка на мермер. Со тоа дополнително ќе се подобрат бизнис релациите меѓу двете земји.

- Македонската индустрија за мермер има огромен потенцијал и со користење на адекватна технологија,  може да биде уште поконкурентен на странските пазари. Македонија располага со белиот мермер којшто е многу редок ресурс, а од друга страна пак Италија е лидер во производство на технологија за обработка на мермер.Се надевам дека од средбите може да произлезе квалитетна соработка и евентуално нови инвестиции во технологија, рече италијанскиот Амбасадор во Македонија Карло Ромео.

Стен ап-  според статистиката од 2010 до 2016 година македонскиот извоз на мермер и гранит во странство се зголемил за над 30 отсто. Само лани надминал над 20 милиони евра.

Со зголемувањето на трговската размена меѓу двете земји лани, Италија од шести стана петти бизнис партнер на Македонија.  Од таму најмногу се увезуваат машини, пили и дијамантски точила.