Бизнис
11. April 2017 - 19:41

Италијанскиот синдикат ќе ги штити Македонците кои работат во Италија

Пензиско и здравствено осигурување за Македонците кои работат во Италија. Олеснување на процедурите за вадење на документи.

Ова се само некои од бенефициите на кои работниците имаат право, а Италијански синдикат ќе им помага да си ги остварат. Со отворање на канцеларија во Скопје, освен на овие прашања Синдикатот ќе работи и на размена на искуства и помагање на работниците да отворат сопствен бизнис во земјава.

- Едноставно на едно место сите заинтересирани коишто сакаат да патуваат и да работат во Италија какви права, какви обврски тие имаат таму и сето она што им го нуди италијанската држава како може да го искористи тоа и како да биде заштитен на работа. Со ова ќе се спречи да имаме негативни приказни за работи со кои се соочуваат македонските граѓани надвор, кога се злоупотребени и не ги добиваат сите бенефиции и права што ги имаат домашните граѓани на таа држава, рече Поповски.

Организацијата ќе работи на спречување на  злоупотребите не само на македонските државјани, туки и на италијанците со работа во земјава. Посочија дека македонците кои работат во Италија се познати по сериозниот пристап кон работата.

- Морам да истакнам дека македонските иселеници во Италија имаат многу добра репутација и се познати по нивната сериозност, вредност и работливост. Тие се секогаш добар пример во таа иселеничка заедница на работници во Италија. Во таа смисла ние сме заинтересирани да отвориме претставништво во Македонија токму поради големиот број на Македонци кои работат во Италија, кое би понудило помош и на македонските работници во Италија, но и на Италијанците во Македонија. На Македонците во Италија би им понудиле низа на услуги од типот пристап до пензиско, социјално осигурување, здравствено осигурување и сите други практики и документи за кои тие имаат потешкотии да дојдат до нив. Ние би го олесниле тој бирократски процес, рече Фирара.

Италијанскиот синдикат е присутен во 32 земји во светот. На отворањето на претставништво во земјава се работтело веќе две години.