Свет
25. March 2017 - 10:21

Италијански новинари ќе штрајкуваат за време на самитот на ЕУ

Новинари, кои работат во неколку италијански медиуми најавија дека ќе штрајкуваат денеска против планот на Владата да им дозволи на странски медуми, заедно со италијанските да се кандидираат за државни субвенции, јави ДПА.

Новинарите од новинските агенции АНСА и АДНкронос се меѓу оние кои планираат да штрајкуваат денеска, кога во Рим се одржува самит на ЕУ, посветен на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, документ со кој се означи формирањето на Унијата.

- Денес е важен ден за Европа и за Италија, каде над 800 новинари сакаат да го привлечат вниманието на своите проблеми, изјавија новинарите од АНСА.