Италијански неофашисти му објавија војна на весникот „Република“
Десетина припадници на италијанското неофашистичко движење Нова сила (ФН) со димни бомби го нападнаа седиштето на весникот „Република“ и повикаа на бојкот на левичарскиот дневник и на неделникот „Еспресо“.
Според ФН, весникот промовира „отворање на италијанските граници за илегални имигранти“.
За време на протестот, припадник на неофашистичкото движење прочитал „објава на војна“ против весникот.
Италијанското Министерство за внатрешни работи е под притисок да преземе акција против антимигрантските и неофашистичките групи.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги од поплиситчкото Движење Пет ѕвезди (М5С), која честопати е мета на критики од страна на „Република“, му изрази поддршка на весникот.
Италија во моментов е главна дестинациска земја во Европа за мигрантите што доаѓаат од Африка. По затворањето на балканската рута на крајот на 2016 година, најголем дел од мигрантите што илегално влегуваат во Европа, тоа го прават преку Либија и Средоземно Море до Италија.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи