Свет
20. August 2017 - 17:52

Италијанската полиција заплени над еден тон албанска марихуана

Италијанската полициска поморска  патрола  заплени повеќе од еден тон марихуана, која двајца албански државјани ја транспортирале со моторен чамец.

Чамецот бил пресретнат во италијанските територијални води по дојава на албанската полиција. Акцијата траела неколку часови, по што биле уапсени двајцата албански државјани, кои дел од дрогата ја фрлиле во морската вода.

Пред десеттина дена, италијанската полиција заплени  2,5 тони марихуна, во слична акција, во која биле вклучени и албанската и црногорската полиција, како и авион на ФРОНТЕКС.

Инаку, синоќа албанската полиција во хотел во селото Поќера, кај приморското градче Химара, запленила 422 килограми марихуана и уапсила едно лице. Дрогата се наоѓала во хотелска соба, во која полицијата пронашла и автоматска пушка и куршуми за неа.