Свет
17. August 2016 - 21:27

Италијанската полиција заплени 400 килограми албанска марихуана

Италијанската полиција во пристанишниот град Бриднизи заплени 400 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, дрогата ја шверцувале двајца Италијанци со моторни чамци, кои биле следени од полицијата уште додека пловеле на отворено море.

Вредноста на запленетата дрога на нарко пазарот се проценува на повеќе од четири милиони евра.

Според италијанските медиуми, уапсените се жители на Бриднизи, кои веќе имале полициско досие. Тие дрогата ја набавиле во Албанија, па сега истрагата се проширува и во оваа земја со цел да се идентификуваат нивните соработници.

Пред два дена италијанската полиција во приморското гратче Фанос заплени околу два тона марихуана и уапси петмина албански државјани, кои со моторен чамец ја пренеле дрогата од Албанија.