Свет
7. April 2016 - 14:38

Италијанската крајбрежна стража спасила повеќе од 300 мигранти од Египет

Италијанската крајбрежна стража соопшти денеска дека спасила повеќе од 300 мигранти од преполн чамец, со кој минале стотици километри од Египет до Сицилијанскиот проток. 

Портпаролот на италијанската крајбрежна стража изјави дека и претходно доаѓале мигранти од Египет, но многу помалку отколку од Либија.

И Фронтекс вчера учествуваше во акцијата за спасување на 156 мажи, 51 жена и 107 деца. Во прашање се мигранти од Сирија, Египет, Сомалија, Еритреја, Етиопија, палестинските територии, Либија, Судан и Коморските Острови.