Фудбал
12. November 2017 - 17:49

Италија на Мундијалот во Русија без Вентура?!

Во Италијанската фудбалска федерација не се задоволни од работата на селекторот Вентура и веќе се шпекулира дека предводникот на Аѕурите ќе биде сменет  и да обезбеди пласман на националниот тим на СП во Русија. 

Да потсетиме Италија ја очекува реванш со Шведска од која го загуби првиот дуел со 1-0.

На „Сан Сиро“ во вторник Италија ќе се обиде да стигне до мундијалска виза, но и да се случи тоа во Русија оваа репрезентација нема да биде водена од Вентура.
 
Покрај федерацијата се шпекулира дека и  играчите се незадоволни од работата на поранешниот тренер на Торнио.
 
Еден од можните наследници на Вентура на клупата на Италија е Карло Анчелоти кој е познат по тоа што досега никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.