Бизнис
23. July 2017 - 16:49

ИТ експертите со највисоки плати се и најбрани на пазарот

Со индекс на сиромаштија од 30% и над 200.000 невработени, во Македонија секој ден има најмалку 7000 слободни работни места кои никој не сака да ги пополни. 

Ваквите податоци за експертите од областа на пазарот на труд се сомнителни. Каде лежи проблемот? 

Велат дека еден огромен дел од евидентираните невработени работат на црно, но добар дел и не бараат работа од најразлични причини. Во агенциите за посредување при вработување велат дека причините се најразлични, несодветно образование, мала плата, па дури и оддалеченоста на  работното место.

-Пребирливи се, а и се преценуваат. Имале диплома, ама дипломата не работи. Треба знаење. Јас се согласуваме дека 11.000 е мала плата ама не можам да разбера никој дома да не работи. Две плати од по 12.000 денари не се малку, вели Раде Ненадиќ, Агенција за посредување при вработување.

Најниските плати во земјава се исплаќаат во текстилната и кожасрката индустрија. Минималецот изнесува 10.080 денари. 

Од септември ќе се зголеми на 12.000. Највисоките плати пак, од над 1000  евра земаат вработените во воздухопловството, но и ИТ експертите. Токму тие се во моментов и најбарани на пазарот. 

За младите неврабтени кои се подготвени да сменат професија за да најдат работа, државата организира и бесплатни обуки за напредни ИТ вештини. Огласите се во тек.