Свет
25. September 2016 - 11:14

Истрели од огнено оружје на Универзитет во Илиноис

Во кампусот на Универзитетот во Илиноис, во САД, се слушнале истрели, а според локалните медиуми непознато лице најверојатно истрелало девет куршуми, по што побегнало.

Локалниот весник „Дејли Илини“ пишува дека истрагата е во тек, а полицијата не соопштува детали.

Засега нема официјална потврда за евентуални жртви, додека корисници на социјалните мрежи пишуваат дека има загинати и повредени.

Инцидентот се случил пред локалната пошта и еден блок подалеку од популарното кафуле во кампусот „Црвениот лав“.