Свет
25. July 2016 - 9:06

Истрелана ракета врз центарот на Кабул

Ракета била истрелана врз центарот на Кабул и погодила празна училишна зграда.

Нема настрадани во денешниот напад врз реонот каде што се наоѓаат владини институции и странски амбасади.

Амбасадите од вчера ги зајакнаа мерките за безбедност по самоубиствениот напад во Кабул, во кој загинаа 80 лица.