Живот
29. April 2017 - 20:21

Истражување: Малите китови си шепотат со своите мајки

Со цел да избегнат потенцијални напади од грабливци, малечките грбави китови им „шепотат“ на своите мајки, односно имаат своја посебна „тивка“ комуникација, велат резултатите од едно ново научно истражување.

- Китовите женки и нивните младенчиња не сакаат кога некој ги „прислушкува“. Потенцијалните грабливци, како што е китот убиец, можат да ја чујат нивната комуникација и на тој начин пронаоѓаат младенче, објаснува Симоне Видесен, предводничка на тимот истражувачи од Данска и Австралија.

Китовите се познати по гласните звуци кои ги испуштаат како повик кон другите припадници на својот вид.