Свет
28. March 2016 - 13:38

Истрагата за спречениот атентат во Париз, открива дека тероризмот е со европски ограноци

По апсењето на едно лице во Холандија и на две во Белгија, се покажува дека сите тројца имаат врски со уапсениот во парискиот регион Реда Крикет и воедно истрагата отркива дека терорзимот е со европски ограноци и не познава граници, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Оваа истрага, како што нагласуваат француските власти, е одделна од таа која се води за атентатите од 13 ноември во Париз и за 22 март во Брисел, иако постојат извесни врски меѓу учесниците во истите.

Реда Крикет, 34 годишно лице кој беше уапсен во четвртокот во Булоњ-Бијанкур во парискиот регион, е познат претходно по вооружени напади поврзани со бандитизам. По неговото апсење, францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев соопшти дека во Франција е спречен „напреднат план за атентат“, без притоа да даде детали. При претресот на домот на Реда Крикет се најдени повеќе автоматски пушки, меѓу кои калашникови, експлозив и муниција во стан во Аржантеј.

Истрагата набрзо доби друг тек со апсењето во Ротерадм на Анис Б., 32-годишен французин. Ова лице престојувало во Сирија и постојат сомевање дека имало налог од Исламската држава да изврши атентат во Франција заедно со Реда Крикет, велат француски полициски извори. Неговото испорачување во Франција се очекува набрзо.

Тројцата други уапсени се двајца мажи на возраст од 43 и 47 години со алжирско потекло, исто така уапсени во Ротердам.

Истрагата што се води и во Белгија, доведе до апсење на две лица Абдераман А. и Рабах Н. во центарот на Брисел и обвинети за учество во активности на терористичка група.

Абдераман А., кој е роден во 1977 година им е познат на антитерористичките власти, како „џихадистички волонтер“, осуден во 2005 година на седум години казна затвор и дефинтивна забрана за престој на француска територија, обвинет за помош на два Тунижани на кои им помогнал во убиството на командантот Масуд во Авганистан во 2001, два дена пред атенатите од 11 септември во САД.

Иако оваа истрага е различна од таа која се води за атентатите во Париз и Брисек, сепак е направена врска меѓу терористите. Реда Криект беше осуден во отсуство во Брисел за вклученост во мрежа за испраќање на џихадисти во Сирија, меѓу кои еден од главните обвинети е Белгиецот Абделхамид Абауд, за кој се сомнева дека ги организирал атенатите во Париз. Оваа мрежа била раководена од Калид Зерлани, кој властите од Белгија го сметаат за најголем врбувач за кандиати за џихад.

Криект доби затворска каза од десет години. А истрагата утврди дека имал улога на финансиер на мрежата на Зеркани, откако дел од средствата добиени преку кражби и грабежи ги исплаќал на мрежата, во името на муслиманскиот принцип на гјанима – поделба на воениот плен.

Вчера вечер, францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев, повторно зборуваше за „висок ризик“ од атентати во Франција, поздравувајќи ја во соопштение за јавноста „соработката“ меѓу европските партнери во оваа истрага.