Ракомет
30. July 2017 - 19:34

Историски резултат на младинската ракометна репрезентација на Македонија – 6.место на СП

Младинската ракометна репрезентација на Македонија (играчи до 21 година) Светското првенство во ракомет што се одржува во Алжир го заврши на шестото место што претстаува историски резултат и најдобар пласман на една македонска репрезентација на Светските првенства. Во натпреварот за 5.место попладнево Македонија загуби од Унгарија со 26:22 (14:11).

Избраниците на селекторот Илија Темелковски последниот натпревар на шампионатот го почнаа и до средина на првиот дел двете селекции се менуваа во водството. Во 18.минута беше 9:9, а потоа противникот направи серија 3-0 и на полувреме имаше три голови разлика. Во вториот дел Унгарија го зголеми водство на 17:12, а нашата селекција во 49.минута намали на 18:20, но немаше сили за пресврт.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Марко Нелоски со 6 голови, додека на дуелот најпрецизен беше Марк Ковач со 8 голови.