Истекува рокот за поднесување тужби од партиите до Управниот суд
До 11 часот денеска е рокот за поднесување тужби од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата. Судечките совети на Управниот суд по евентуалните тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување.
До синоќа до 21 часот ниту една партија немаше поднесено тужба до Управниот суд. ВМРО-ДПМНЕ, која имаше поднесено најмногу приговори до ДИК, вчера најави дека ќе поднесе тужби до Управниот суд. Освен на оваа партија ДИК ги одби приговорите и на ТМРО, Левица и Алијанса за Албанците.
За тужбите по решенијата за приговорите за првиот круг од локалните избори од партиите треба да се одлучува во рок од 48 часа по поднесувањето. Ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски ќе им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници, велат од Управниот суд.
Снежана Кипровска, виш судски соработник во Управниот суд синоќа за МИА изјави дека до нив било пристигнато само барање за заштита за слободи и права загарантирани со Устав поднесено е од ТМРО.
Управниот суд синоќа ја отфрли тужбата од Ѓорѓи Шарковски против, како што стои во поднесениот документ, „државната администрација во Кривогаштани“ заради оневозможување на собирање потписи за градоначалник и членови на совет во Општина Кривогаштани. Решнието го донесе Управениот суд во совет составен од тројца судии на нејавна седница на советот, кое во целост ќе биде објавено најдоцна утре.
Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од изборите. Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување барања за гласање на болни и изнемоштени лица.
Вториот круг од локалните избори е на 29 окотмври.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри