Бизнис
1. February 2017 - 20:15

Истекува рокот за поднесува ДДВ пријава - Сметководителите предупреудваат дека крајот на февруари ќе донесе нови проблеми

Истекува дополнителниот рок за поднесување ДДВ пријава. До крајот на денот сметководителите  до УЈП треба  да ги достават документите. За годишните извештаи за перосналниот  данок рокот е до 7 февруари.

Поради преоптовареност на системот сметководителите за да можат да ги достават овие два документа и да се запази законската обврска добија уште плус пет работни дена.

Стенд ап- Финансиските аналитичари сметаат дека во јануари и февруари кога има најмногу неработни денови и  празници фирмите имаат најмногу работа. Затоа сметаат дека дел од обврските треба да бидат префрлени и во месеците по овој период.

Тоа веќе го имаат направено дел од земјите во регионот.

Според Гацов сметководителите повторно ќе се соочат со проблем  на крајот на февруари до кога треба да се достават завршните сметки.

Аналитичарите велат дека годинава имаат и дополнителен товар. Имено, фирмите регистрирани во 2016 и оние со големи поврати на ДДВ во посебен образец треба да ги внесат сите  влезни и излезни фактури.