Бизнис
7. December 2017 - 20:08

Истекува рокот за исплата на к -15

Работодавачите имаат помалку од еден месец да исплатата К -15.

На сметките на сите вработени  во привантиот сектор до крајот на годинава треба да легнат  9.174 денари за регрес , 40 отсто од просечната нето плата. Но од синдикатото за енергетика индустрија и рударство велат дека ова е минималниот износ и дека фирмите имаат можност да исплата повеќе пари.

Иако во изминатите месеци произвдоството се соочи со контонуиран пад од синдикатото велат дека засега нема проблеми во исплатата на регресот. Дел од вработените  го добиле уште во јули , дел треба да го добијат до крајот на месецов.

Услов кој треба да се исполни за регрес е работникот да работи најмалку 6 месеци кај ист работодавец. Колку од газдите досега ја имаат исполнето законската обврска ССМ засега нема точна бројка, првичните податоци ќе ги добијат дури на почетокот на следната година.

Годинава со зголемувањето на минималната плата на 12 илјади денари се зголемува и износот на К 15. Обврска за исплата на регрес имаат сите работодавачи од приватниот сектор. Оние кои  нема да го сторат тоа освен со парична ќе се соочат и со казна затвор.