Loading Video...
Свет
19. November 2017 - 16:40

Истекува рокот на Меркел за состав на нова влада

Трите  германски партии кои ги водат преговорите за формирање нова коалициска влада сериозно да си ја  сватат својата одговнорнсот и да избегнат нови избори.

Овој совет до преговарачите,  претседателот на Германија Франк Валтер Штајнамер го упати  бидејќи  во 18 часот по локално време  истекува последниот  рок за преговорите.

Очекувам сите страни да бидат свесни за својата одговорност, а тоа значи да не го враќаат мандатот на граѓаните вели Штајнмаер во интервју за весникот Велт.

Преговорите ги водат демохристијани на канцеларката Меркел, слободните деморкати и зелените. Миграцијата и климатските промени се прашањата  по кои партииите  имаат различни ставови. Досега неколку пати беше продолжуван рокот за преговорите за новата германска влада.

Демохристијаните   се обратија за парнерството кон Зелените и Партијата на слободните демократи, откако социјалдемократите одбија да се приклучат кон конзервативната колација како што беше досега. 

Неуспехот на денешните консултации ќе доведе до нови избори следната година, велат аналитичарите.

Изборите во Германија се  одржаа  на 24 септември. 32 , 5 отсто  гласови освои Христајанско- демократската унија на Меркел, социјалистите на Шулц  20, 5 отсо а на третото место заврши екстремно десничарската  Алтернатива за Германија.  Либералите освоија 10,5 отсто гласови,  а Зелените околу 9 проценти.