Балкан
31. August 2017 - 16:02

Истанбулската полиција заплени 280 килограми сканк

Припадници на единицата за борба против илегалната трговија со дрога во Истанбул запленија 280 килограми сканк, чија вредност на црниот пазар се проценува на три милиони долари.

Операцијата е спроведена откако била добиена дојава дека во Истанбул ќе биде доставена голема количина на наркотици. Дрогата е пронајдена на јахта, која пловела крај грчки острови во Егејското Море.

Припадници на единицата за борба против илегалната трговија со дрога ја пребараа јахтата, откако таа се вкотвила на плажата Фатих Балат близу Истанбул, при што се 280 килограми сканк.

Сканкот е вид на марихуана, која се состои од 75 проценти канабис сатива и 25 отсто канабис индика.