Балкан
26. April 2017 - 20:52

Истанбул: Експлозија на комбе, повредени седум студенти

Во експлозија на комбе со кое се превезувале студенти во Истанбул повредени се седум лица, јави турската државна агенција Анадолија.

Експлозијата се случила додека возилото е во сопственост на приватен Универзитет се движело во азискиот дел на Истанбул.

Според полицијата се уште не е позната причината за експлозијата. Дел од турските медиуми објавија дека е можно да се работи за рачно изработена бомба.