Живот
17. March 2016 - 19:06

Исповед на спонзоруша која била со 10 спонзори и се вљубила во последниот: “Не се каам”

-Животот е ужасно скап, па почнав да се занимавам со ова и воопшто не се каам", вели оваа студентка.

Во Америка и Велика Британија сe поголем број на девојки живеат со помош на богати спонзори. Повеќето од нив наоѓаат спонзори преку сè попопуларната веб страница Seeking Arrangement, а многу од нив признаваат дека тоа е единствениот начин на кој успеваат да ги покријат трошоците за живот за време на студирањето, пишува британски „Mirror".

27-годишната Лара за „Times" открила како изгледа животот на „спонзоруша" која заработува од излегување со богати постари мажи.

Лара е апсолвент, а досега променила 10 спонзори. Во последниот дури се заљубила и сега вели дека се во среќна врска.

-Животот во Лондон е ужасно скап, а уште треба да го отплатам и студентскиот кредит од 40 илјади фунти. Поради тоа отидов на веб страницата Seeking Arrangement. Не знаев што да очекувам, но не смеете на мажите да им дозволите да го видат вашиот страв. Мора да ги контролирате работите, инаку би можеле да ве искористат. Тоа важи и за двете страни", вели Лара.

Според веб страницата Seeking Arrangement, девојките месечно можат да „заработат" и до 3.000 фунти, заедно со скапи подароци, шопинг и вечери. Но, Лара тврди дека е многу важно да се има реални очекувања и да се внимава на сите да им е јасно што добиваат од ваквиот однос.

-Претпоставувам дека повеќето мажи очекуваат дека порано или подоцна ќе имаат секс со вас, но и самата страница предупредува дека морате од старт да ги одредите правилата околу тоа. Јас, под влијание на алкохол се бакнував со некои од нив, но никогаш не отидов во кревет со спонзор. Не ме интересира колку пари имаат, ме интересира само колку се дарежливи", вели Лара.

Нејзините „врски" со спонзори претежно траеле неколку недели, а најскапиот подарок кој го добила била скулптура вредна 3.000 фунти.Таа ја забележала во една галерија, а потоа спонзорот и ја подарил за роденден.

Таа вели дека поради нејзината „работа" ја задеваат нејзините машки пријатели, но тоа не и пречи многу. Напротив, таа вели дека ги поттикнува и нејзините пријателки да се обидат да заработат пари на сличен начин.

Инаку, Лара вели дека сега е во среќна љубовна врска со својот последен спонзор, 36-годишен економист. Иако тврди дека нивниот однос повеќе нема врска со начинот на кој се запознале, тој и понатаму и дава 1000 фунти месечно за отплата на студентскиот кредит, а на негова сметка и патуваат на егзотични места како Тајланд или Шри Ланка.

Лара вели дека порано можела само да сонува за тоа и дека никогаш не била посреќна.

-Денес сe се прави преку интернет. Преку интернет купувате, резервирате апартмани или хотелска соба, ги плаќате сметките, запознавате луѓе... Што има лошо во тоа? Тоа е состанок на кој не морате ништо да платите или да направите, а уште добивате и подароци", вели оваа студентка.