Балкан
23. April 2016 - 11:03

Исповед на соседот чија куќа ја претресуваа полицајците: Немам врска со убиството на Јелена

Станко Антиќ е човекот која наводно е пронајден во жбунот покрај каналот каде е пронајдено телото на пејачката Јелена Марјановиќ и чија куќа инспекторите и форензичарите ја пребаруваа вчера цел ден и однесоа два пара чевили, фармерки и велосипед.

Тој за српски Телеграф вели дека нема никаква врска со убиството на пејачката, како и тоа дека не бил во никаква грмушка.

Станко открива дека вчера од 2 до 5, додека инспекторите ја претересувале неговата куќа и разговарале со неговиот син, тој бил во полиција на разговор.
 
-Бев на полиграф и го поминав. тој ден кога телото на Јелена е пронајдено јас на велосипед тргнав натаму зошто жената ми рече да одам и да видам што се случило. На насипот не се качив, туку возев по главниот пат. Тука сретнав полициски џип и полицајци, им се јавив и тоа беше тоа. Тогаш никој ништо не ме праша. А тоа дека јас сум скитник најден во грмушка не е точно. Куќа имам како што гледате. Ниту јас имам нешто ниту мојот син. Имаме три златни деца, вели Антиќ за Телеграф.рс.
Foto: Telegraf

Тој додава дека полицијата само ја работи својата работа и дека и тој сака да се пронајде убиецот и додава дека не сака некој невин да настрада.