Македонија
6. November 2016 - 17:04

Исповед на сите: Како и зошто 57 годишниот Ариф Алили стана Александар Горски

57 годишниот Ариф Алили од гостиварска Ломница неделава стана челен на православната црква и го доби името Александар Горски. На ваков чекор овој средовечен човек се одлучил бидејќи така се чувствувал и досега, а голем дел од животните предизвици ги надминувал со помош на пријателите кои се христијани.  Сега преоѓа во христијанската вера за целосно да го најде духовниот мир.

Тројца свештенции од Тетово го извршија чинот на крштевање.  Кум беше тетовчанецот Горан Синадиновски.

Крштевањето се смета како основа за  станување православен христијанин.