Свет
23. May 2017 - 9:50

Исповед на очевидци за хоророт во Манчестер: Делови од тела паѓаа врз нас

„Бомбата експлодираше пред мене. Секаде имаше крв, летаа делови од телата, паѓаа врз мене“, тврди Ебу Мулен, која за среќа го преживеа нападот кој ноќеска се случи во Арена во Манчестер во текот на концертот на Аријана Гранде.

Најмалку 22 лица загинаа, а над 50 се повредени во експлозиите што одекнаа во Арена во која имаше над 20.000 луѓе.

Еби вели дека од коста извлекувала делови од човечка кожа.

-Ова е хорор. Кој би рекол дека ова може да се случи. Ова е смао доказ дека ова може да му се случи на секој, било каде, вознемирено раскажуваше Еби за британските медиуми.

Eksplozija na koncertu Arijane Grande u Mančesteru

„Тие звуци на екплозијат, крв...Луѓе кои бегаат без рака...Тоа нема да го заборам додека сум жива, рече несреќната жена.

Гари Вокер со сопругата ги чекал своите деца да излезат од концертот кога одеклнала силна експлозија.

-Чувствував како нешто да ме погоди во нога. Потоа го слушнав сопругот дека мора да легнеме. Видов дека од нејзиниот стомак тече крв, ранета е, рече Гари.

-Вокер вели дека едната бомба била поставена во фоајето, и дека секаде се разлетале делови од стакло.

Тој се сомнева дека бомбата била поставена во апарат со грицки, зошто тој бил целосно разнесен, а грицките расфрлани насекаде.

Eksplozija na koncertu Arijane Grande u Mančesteru

Дејвид Ричардсон вели дека експлозијата се случила кога посетителите тргнале да го напуштаат концертот.

-Се запалија светлата, ќерката и јас тргнавме кон излезот кога слушнавме страотен тресок, рече човекот кој со својата 13-годишна ќеркичка едвај извлекол жива глава.

-Аријана рече: „Збогум, Манчестер! се запалија светлата и тогаш експлодираше. Луѓето во паника почнаа да бегаат. Насекаде имаше крв, ова е хорор, сведочат луѓето кои биле на концертот.

-Не бевме близу до експлозијата, но слушнавме силен тресок. Прво помисливме дека пукаа балони, ги имаше многу, а потоа почнаа луѓето хистерично да врескаат и ги видовме како бегаат со крвави лица, се пресековме од страв, тврдат девојите кои биле на другата страна од арената кога се случила експлозијата.

Британските медиуми наведуваат дека полицијата случајот го третира како потенцијален терористички напад, односно се сомнева на бомбаш самоубиец.