Бизнис
22. February 2018 - 19:41

Исплатена најголемата добивка во регионот: Прилепчанец доби половина милион евра во кладилница

Манчестер Јунајтед синоќа одигра за Ване од Прилеп. Со уплата од 910 денари тој доби 520.000 евра. Тикетите ги уплатил уште минатиот месец, играл на 7 ливчиња. Синоќа чекаше Манчестер да не загуби и доби половина милион евра. За Сител вели не е се во среќата, туку треба и знаење.  Доказ дека Ване си ја знае работата е тоа што ова не му е прва добивка.

Ване се уште не знае што ќе прави со толку пари, но сигурен е дека исто како и досега, редовно ќе прави комбинации за кои се надева дека ќе бидат добитни.

Обложувалниците Моцарт денеска експресно ја исплатија добивката која не е најголема испалтена досега само во регионот туку според големината на влогот и во Европа. Добивката е двојно зголемена заради бонусите кои ги овозможува компанијата.

Веста за рекордната добивка во Прилеп денеска ја објавија сите регионолани спротски медиуми.