Македонија
25. May 2016 - 17:01

Исламската држава складира експлозив и обучува терористи во Западниот Балкан Македонија на готовс

Терористите полнат тајни складишта со експлозив и подготвуваат нови напади во Европа. Според податопците во последниот извештај на Европол кој ќе биде објавен до крајот на месецот најголема е опасноста за Франција. Европол проценува дека намерата е да се предизвикаат тешки последици и бројни жртви. Терористичките групи, според разузнавачките податоци ја менуваат тактита и дејствуваат глобално. Не само Сирија, туку и земјите од ЕУ и Западен Балкан се користат како места за организирање на тренинг кампови. Шефот на против терористичкиот центар на Европол Мануел Наварете Паниагуа  вели дека токму во ваквите кампови се спроведуваат вежбите за преживување кои им служат на инструкторите од ИД за тестирање на способноста и одлучноста на потенцијалните членови.

Освен терористите кои се повикуваат на ислам, се поголем е бројот и на десните екстремисти поради бегалците. Нема дилеми посочува Наварете дека најголемиот дел од веќе обучените терористи од Сирија пристигнуваат во ЕУ преку мигрантските рути.

Според статистиката која ја објави Инденпендент две блакснки земји се наоѓаат во групата топ пет држави со најголем борј на борци на боиштата на ИД. Босна и Херцеговина е на четвртото место со 92ца, а Косово на петото со 83 борци., На прво место е Јордан од каде на боиштата заминале 315 лица, Тунис втор со 280 и на трето место е Саудиска Арабија со 107 свои државјани кои се дел од редовите на ИД во Сирија.

Од МВР за Сител велат дека се следи состојбата и дека се превземаат сите неопходни мерки. Разузнавачките служби ги споделуваат информациите со колегите од регионот, а идниот месец ќе излезат и со информација за проценка на ризикот во регионот. Како главна закана се посочуваат токму борците повратници од Сирија и Ирак, а нивниот во земјава број според официјалните податоци е над 70.