Свет
14. December 2017 - 14:39

Исламската држава им се заканува на САД поради Ерусалим

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) се закани со напади на територијата на САД во знак на одмазда поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Заканата се појави денеска на апликацијата за размена на пораки на „Телеграм“ под наслов „Чекајте не“ и „Исламска држава на Менхетен".

ИД во заканата наведува дека ќе „изврши операции", објавувајќи при тоа фотографии од Тајмс сквер во Њујорк и нешто што наликува на појас со експлозив и детонатор.

- Ќе извршиме повеќе операции во вашата земја до последниот час и ќе ве изгориме во пламенот на војната која ја започнавте во Ирак, Јемен, Либија, Сирија и Авганистан. Вашиот пес Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, поради што ние ќе го признаеме експлозивот како главен град на вашата земја, се вели во пораката.