Loading Video...
Свет
2. January 2017 - 16:48

Исламска држава стои позади крвавата Нова година во Истанбул

Исламска држава стои зад масакрот на новогодишната ноќ во  Истанбул. Во соопштението на терористичката организација кое го пренесе Ројтерс  се поздравува   војникот- херој  на калифатот  кој  со Калашников  уби  39 луѓе и  рани 69  додека  го славеле својот богохулен празник. Две третини од загинатите  се странски државјани, најмногу од блисткоисточните земји.  4 –ца од повредените се  сеуште во критична состојба . Полицаец и цивил биле  првите жртви на терористот. Откако ги убил  пред елитниот нокен клуб Реина, крвавиот поход  терористот го продолжил и внатре во објектот , каде во тој момент имало над 500 луѓе кои славеле нова година.  За време на седуминутниот напад терористиот испукал 180 куршуми.

- Ме рани додека бев на под. Немаше пукање во воздух. Пукаше во нас додека бевме на под изјави еден од повредените.

Полициските власти објавија фотографија од можниот напаѓач. Фотографијата е направена од камера за време на пасошка контрола. Најверојатно терористот потекнува од Кригистан  или од Узбекистан и  по него интензивно се трага.

- Полицијата тесно соработува со разузнавачките служби за да го идентификува и да го  уапси напаѓачот. Тероризмот не може да не заплаши. Ние ќе го заплашиме тероризмот. Ние ќе продолжиме да се бориме против тоа изјави турскиот премиер Бинали Јилдири.

8 лица кои  би можеле да имаат врска со настанот се притворени.  Паралелно,  полицијата   истражува дали  напаѓачот на новогодишниот масакр   бил поврзан со ќелијата  на Исламска држава која во јуни 2016 година изврши напад врз  истанбулскиот аеродром Кемал Ататурк  при што загинаа 47 лица.   Во Турција лани се случиле 15 смртноснни напади  во кои  имало над 180 загинати. Милитантите на исламска држава ја презедоа одоговноста за повеке од  нападите.