Исламска држава сака да ја преземе трговијата со хероин во Авганистан
Разузнавачките служби на Заедницата на независни држави (ЗНД) веруваат дека терористичката група Исламска држава ќе се обиде да ја преземе трговијата со хероин во Авганистан, изјави директорот на Противтерористичкиот центар на членките – ЦИС.
- Во согласност со информациите што ги добивме од нашите партнери, постои можност за активностит на ИД во Авганистан во блиска иднина. Имаме причини да веруваме дека ИД ќе се обиде да ја преземе трговијата со хероин, рече генерал полковник Андреј Новиков.
Според анализи на некои светски организации направени изминатите години, Исламската држава заработува една милијарда долари годишно со шверц на авганистански хероин преку териториите што ги контролира. Во исто време, производството на мак и афион, од кои се произведува хероин, во Авганистан во изминатата година е зголемено за неколку стотици пати.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација