Loading Video...
Свет
3. May 2017 - 21:36

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз конвој на НАТО во Кабул

Најмалку осум лица загинаа, а 28 се ранети  при самоубиствен бомбашки напад врз конвој возила на силите на НАТО во  Кабул. Сите загинати при нападот се Авганистанци, додека меѓу ранетите има тројца американски војници, а останатите 25 се авганистански цивили.Нападот го извршил бомбаш самоубиец, кој го активирал експлозивот во автомобил, додека крај него минувал конвојот американски оклопни возила.  При нападот, што се случил во близина на Амбасадата на САД во Кабул, биле оштетени неколку цивилни возила.  Радикалната група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот, како и за вчерашниот, во кој најмалку 46 лица се убиени во камп за бегалци  во Сириската провинција Хасака. Повеќето убиени се жени и деца., а повредени се десетици цивили, најмалку петмина напаѓачи од ИД активирале експлозив што го носеле на себе во близина на кампот.