Свет
3. July 2016 - 10:13

Исламска држава ја презеде одговорноста за двата напади во Багдад

Борци на терористичката група „Исламска држава" ја презедоа одговорноста за двата напади во трговски области на Багдад, соопшти арапскиот ТВ канал "Ал Џезира", пренесува ТАСС.

Според информациите, бројот на жртвите од двете експлозии се зголеми на 80 лица, а при експлозијата во квартот Карада повредените се над 100.

Нападите беа извршени вчера, на крајот на светиот муслимански месец Рамазан, кога улиците по зајдисонце се полни со млади луѓе и семејства.