Свет
5. January 2018 - 14:52

Исламист со белгиски пасош осуден на смрт во Ирак нуди да ги открие мрежите на ИД во Европа

Исламистот Тарик Џадаун, роден во Белгија, во интервју тврди дека Исламската држава има терористи распоредени низ Европа кои се подготвени да извршат напади.

Во интервју за белгиската телевизија Џадаун истакна дека е подготвен да соработува со белгиските власти за да се разоткријат терористичките мрежи. Во замена, Џадаун бара да биде ослободен од затворот во Ирак каде седи во притвор од септември, кога беше заробен за време на борбите за градот Мосул.

Белгискиот премиер Шарл Мишел најави дека нема да преговара со ирачките власти за спасување на Џадаун, или било кој друг исламист со белгиско државјанство кој е заробен на Блискиот Исток. Џадаун презеде одговорност за организирање на терористичките напади врз Брисел во 2016 година, а работел и на регрутирање деца за исламистички напади.