Свет
17. August 2017 - 12:45

Исламист одговорен за штети од 2,7 милиони евра врз свети објекти во Тимбукту

Меѓународниот кривичен суд утврди денеска дека поранешен исламистички бунтовник, осуден на затвор за уривање на свети објекти во Тимбукту, е одговорен за штети во износ од 2,7 милиони евра.

Амад ал Факи ал Махди беше осуден на девет години затвор во 2016 година, откако се изјасни за виновен за уривање на мавзолеи и религиозни објекти во Тимбукту.

Објектите се од златната епоха на Мали во 14 век, кога областа беше трговско седиште и центар на суфистичкиот ислам.