Бизнис
20. December 2017 - 16:05

Исклучените од парно системот и понатаму ќе плаќаат паушал за греење кое не го добиваат

Исклучените ќе продолжат да плаќаат паушал за парно греење. Уставниот суд по втор пат ја одби иницијативата оние кои не користат градско парно да не плаќаат никаков надоместо.

Такви се околу 12 илјади домаќинства во  Макеоднија.

Иако не се греат на парно плаќаат паушален износ во зависност од големината на станот.

Оние пак кои  го користат парното ако одлучат да стават мерачи тоа нема да им ја  зголеми  цената на топлинска енергија, уверуваат од БЕГ.  Но за да ја вратата инвестицијата за уредните ќе треба да штедат  30 отсто од топлинската енергија.

Ова е пресметано со моменталната цена на гасот и нафтата на светските берзи. Поставувањето на мерачите нема да биде задолжително, велат од компанијата. Домачинствата сами ќе одлучуваат дали ќе ги вграда или не. Освен новите згради таму инвеститорот ќе има обврска да постави мерачи на радијаторите.

Од компанијата велат дека оние кои имаат поставено калориметри тспеале да заштедат во сметките.

Според статистиката на БЕГ трошокот за поставување на овие уреди чини по 300 евра по стан. Во моментов околу 60 илјад домаќинства го користат градското парно. од минатата година порамнувањето ан сметките се прави еднаш во годината и тоа во летните месеци зимско порамнување повеќе нема.