Свет
21. April 2017 - 16:48

ИСИЛ стои позади нападот во Франција

Исламска држава не запира со крвопрелевањето. Како последна мета на терористичката група се најде  француската полиција. Во нападот  во  центарот на Париз загина еден полицаец а двајца се повредени. Повредена е и една туристка. Крвавиот поход на булеварот на  Елисејските полиња  го извршил 39 годишен французин.Според очевидци, напаѓачот го паркирал своето возило до полициски автомобил при што почнал да пука од калашников кон полициските службеници. 

-  Тој дојде со калашников и почна да пука. Целеше кон полицајците, вели очевидец.

 За брзо време, полициските сили го ликвидирале напаѓачот, кој и порано извршувал напади врз полицијата. Инцидентот се случи на три  дена пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори во земјата. Властите смируваат дека  ништо  нема да го наруши изборниот процес.

- Во наредните неколку дена над 50 000 полицајци и жандарми ќе бидат мобилизирани за да се осигураат спокојни и мирни избори. Ништо не смее да се дзоволи да го попречи демократскиот момент кој е темел на животот на нашата нација порача премиерот на Франција, Бернар Казнев.

БИБИСИ анализира дека синоќешниот напад  и оди во прилог  на претседателската кандидатка на ултрадесничкарската партија во Франција Марин Ле Пен, позната по нејзнините остри  критики за актуелната имиграционата политика во земјата . За денеска речиси сите претседателски кандидати ги откажаа митинзите, а некои  од нив побараа и одложување на изборите поради страв од нови напади.