Балкан
19. October 2016 - 8:43

Ишик: Постигнат договор за учество на Турција во операцијата во Мосул

Турција и меѓунардоната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, постигнаа договор за учество на турски сили во операцијата за потиснување на џихадистичката група Исламска држава од ирачкиот град Мосул, соопшти синоќа турскиот министер за одбрана Фикри Ишик. 

Како што јави ТАСС, Ишик нагласи дека се договорот е утврдено учество на турското Воено воздухопловство во операциите во Мосул.

- Без Турција е невозможно да се носат решенија за иднината на Мосул, изјави Ишил по завршувањето на состанокот министрите за одбрана од земјите од Југоисточна Европа.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера изјави дека авиони на Военото воздухопловство на Турција „се уште не учествуваат во операцијата за ослободување на Мосул од ИД“, но дека „ќе бидат употребени кога ќе дојде време за тоа“. 

Со ваквата изјава Јилдирим го демантираше своето претходно тврдење дека турски авиони учествуваат во коалициските воздушни напади во Мосул.

- Нашето Военото воздухопловство учествува во составот на силите на коалицијата. Тоа е одговорот на оние кои велат дека за Турција нема место во операцијата за Мосул, изјави претгодно Јилдирим пред средба со пратениците од неговата владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).