Македонија
29. April 2016 - 12:28

Исчезнати двајца штитеници на Домот „11 Октомври“

Две малолетни лица, штитеници на Домот за деца без родители „11 Октомври“ на 26-ти овој месец исчезнале.

Вработена во Домот Л.Ј. (39) во полициската станица „Центар“ пријавила на 27 април дека од домот претходниот ден во непознат правец се оддалечиле  двајца нивни штитеници на возраст од 16 и 17 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.