Македонија
4. February 2016 - 13:18

Исчезната скопјанка по 2 месеци пронајдена мртва покрај автопатот Скопје - Тетово

Вчера  околу 12,00 часот во ПО-Сарај, А.Ј. пријавил дека на околу 100 метри од автопатот Скопје-Тетово, забележал починато женско лице.

Телото по наредба на ЈО е предадено за одбукција. 

Денеска е извршено идентификување при што е утврдено дека се работи за М.С.(71) од Скопје пријавена за исчезната на 27 ноември минатата година во полициската станица во Карпош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.