Исчезнат 31-годишениот Даниел Ѓеоргиевски од Делчево
Делчевската полицијата апелира доколку некој од граѓаните има каква било некаква информација за исчезнатиот Даниел Ѓеоргиевски (31) од Делчево да ја информираат најблиската полициска станица или да се јават на телефоните 075 691-669 и 075 859-063.
Ѓеоргиевски е пријавен за исчезнат на 17 август. Според информациие од СВР Штип, тој утрото на 17 август заминал од дома и оттогаш му се губи секаква трага.
- Неговото исчезнување го пријавил неговиот брат, а полицијата ги презема сите потребни мерки за негово пронаоѓање, истакнува Гордана Панајотова портпарол на СВР Штип.
Според информацијата од семејството, Даниел живеел сам со двајца браќа по смртта на нивните родители, а утрото кога заминал од дома бил облечен во црвен дрес, фармерки и влечки. - Ние секојдневно се организираме и пребаруваме по теренот каде обично се движеше Даниел кој овој период собираше и смерка и ја продаваше на откупните центри, велат од семејството.
Потрагата по исчезнатиот Даниел е втора за еден месец на територијата на Делчево и Македонска Каменица. Пред точно еден месец на Руен исчезна 47-годишниот Ацо Јовановски, лице со посебни потреби од Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор