Свет
6. September 2017 - 16:45

Ирма ги погоди Карипските острови, за викенд ќе стигне на Флорида

Најмоќниот ураган кој некогаш е забележан на подрачјето на Атлантскиот Океан, Ирма, стигна до североисточните карипски острови и премина преку Барбуда предизвикувајќи прекин на телефонските линии, а се предвидува дека за викендот би можел да ја погоди и  Флорида.

Ураганот донесе обилни дождови на островот Антигва каде што луѓето се собрани во домови и владини засолништа.

Властите предупредуваат за бранови со височина од 12 метри и за опасност од големи поплави во крајбрежните реони.

Властите на Бахамските острови ја започнаа најголемата евакуација во историјата на земјата поради ураганот „Ирма“.Американскиот претседател Доналд Трамп веќе прогласи вонредна состојба на Флорида, Порторико и Девствените Острови.

„Ирма“ е ураган од  петта категорија ,кој носи ветер со брзина од 295 километри на час.