Македонија
4. January 2018 - 16:14

Иринеј: Барањето на МПЦ за мајка црква е незрело

Српската православна црква е единствениот пат преку кои може да се најде решение на црковното прашање во Македонија, смета срспкиот патријарх Иринеј, кој во интервју за Храм, телевизиски канал на СПЦ ги оцени како незрели македонските архиереи, кои побараа Бугарската црква да биде промотор на автокефалноста на МПЦ во православниот свет.

Српскиот патријарх вели дека СПЦ, сака решение на проблемот, но искуството досега покажа дека освен декларативни заложби, во пракса СПЦ не прифаќа решение кои би подразбирало автоклефалност на црквата во Македонија.
Во меѓувреме додека српските владици се почесто почнаа да ги коментираат новите односи на МПЦ и БПЦ, оценувајќи ги како политички мотивирани, Бугарската црква ја активир својата црковна дипломатија. Веќе в недела Бугарскиот Патријарх Неофит ќе ја има првата средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Истанбул, на која ќе разговараат и за иницијативата за признавање на автокефалноста на МПЦ.

Бугарските архиереи велат дека Вселенскиот патријарх е запознаен со најновите релации на МПЦ и БПЦ, но дека целата идеја дополнително ќе му биде образложена.
Во МПЦ пак засега не ги коментираат најновите изјави на српските владици. Единствено што најавуваат е дека по враќањето на бугарската делегација од Истанбул, ќе има нова средба на меѓуцрковните комисии.