Џет-Сет
24. May 2017 - 21:17

Ирина Шаек ги воодушеви сите присутни во Кан

Супермоделот Ирина Шаек се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, откако извесно време беше подалеку од очите на јавноста заради раѓањето на нејзиното прво дете.

И покрај тоа што Ирина е тазе мајка, нејзината витка линија посебно воодушеви на црвениот тепих во Кан. Таа пред фотоапаратите и камерите заблеска во жолта тоалета со длабоко деколте.