Фудбал
11. August 2017 - 12:53

Ирански фудбалери не смеат да играат против Израел!

Иранската влада суспендира двајца фудбалери, играчи на грчки Паниониос бидејќи биле во тимот на натпреварот против Макаби од Тел Авив. Се работи за фудбалерите на Паниониос – Ехсан Хајсафи и Масуд Шојаеи
 
Иран не го признава Израел и спортистите имаат забрана да се натпреваруваат против тимови или поединци од оваа земја. Според иранската влада, фудбалерите ја прекршиле државната политика.
 
„Ја поминаа црвената линија и сигурно е дека повеќе нема да играат за националниот тим. Тие имаат финансиски договор со тимот, но да играат против претставници на тој одвратен режим е недопустливо за иранскиот народ“, изјавил заменик-министерот за спорт во владата на Иран, Мохамад Реза Даварзани.
 
Еден од суспендираните играчи, Шоајеи, кој за националниот тим одиграл 70 натпревари, пред два месеца беше на ударот на јавноста кога го прашал иранскиот претседател дали нивните сопруги ќе може да присуствуваат на натпревар во квалификациите.
 
Во Иран жените од 1979 година не смеат да одат на стадионите и да гледаат во живо спортски натпревари.