Свет
25. September 2017 - 20:44

Иран, сепак, сé уште не ја затвори границата со Ирачки Курдистан

Иранското Министерство за надворешни работи денеска објави ново соопштение во кое наведува дека границите со Ирачки Курдистан остануваат отворени, и покрај референдумот за независност на таа област.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасем, неколку часа претходно изјави дека „на барање на ирачката Влада, затворени се копнените и воздушните граници кон Ирачки Курдистан".

Но, во новото соопштение се вели дека „копнената граница е отворена" и дека „засега само воздушната граница е затворена".