Свет
17. April 2017 - 14:49

Иран се надева дека референдумот во Турција ќе придонесе за стабилизација на општеството

Иран се надева дека референдумот за уставни измени, кој се одржа вчера во Турција ќе придонесе за стабилизирање на ситуацијата во турското општество, изјави денеска во Техеран портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахраим Гасеми.

- Тоа е внатрешна тема за Турција. Во секој случај резултатите од изразувањето на волјата на турскиот народ го заслужуваат нашето почитување, истакна Гасеми.

- Со заклучоците за ефектите на референдумот врз внатрешниполитичката сутација во Турција треба да се почека. Ние се надеваме дека резултатите од гласањето ќе доведат до стабилизирање на ситуцијата во турското општество, зајакнување на мирот и разбирањето во земјата, додаде тој.